Финансиска полиција со асистенција на МВР заплени големи количини шверцуван тутун во Љуботен

Во опсежна полициска акција во која учествуваат претставници на Финансиска полиција и на МВР-специјални полициски сили, во скопското село Љуботен се запленува голема количина на шверцуван тутун и друга акцизна стока.

Специјалци на МВР запленуваа од повеќе домови во селото шверцуван тутун и балите ги товареа во камиони.

Сето тоа го следаа мештани, кои од утрото излегоа на протести и се жалеа дека тоа им е егзистенција и дека и тие не би работеле со тутун ако имаат друга работа.

Но, акцијата е обезбедувана со силни полициски сили и налог за влез во домовите, па поголем дел од жителите се повлекоа.