Финска ќе воведе задолжителни мерки по откривањето на 24 патници со Ковид 19 на летот од Скопје

Во саботата вечер во финскиот град Турк од Скопје слета авион со 157 од кои дури 24 се покажале како позитивни на корона тестот.

По ова сознание веднаш е вклучен алармот во Владата на Финска која најави дека ќе воведе мерки за патниците од Балкан од каде доаѓаат најмногу заболени од Ковид 19.

Рита Лиукса од општината во Турк, на конференција за новинарите изјавила дека од Северна Македонија само со еден лет се увезени дури 24 нови случаи на корона вирус.

Финската Влада планира да воведе задолжителен карантин од 14 дена или ПЦР тест за Ковид 19.

Прекршувањето на карантинот ќе се казнува парично или со 3 месеци затвор.

Нејасно е како сите тие ги поминале аеродромските служби и контролите на скопскиот аеродром.