Финскиот претседател, Саули Нинисто, по дводневната официјална посета на Хрватска, во својата земја се врати како обичен патник во економска класа со редовен авионски лет.
Тој беше во Сплит и Загреб, разговараше со хрватската претседателка и премиер, беше на отворање на Почесниот конзулат во Сплит, а потоа без голема помпа се врати во својата земја.
Со оглед на тоа дека од Сплит до Хелсинки нема директен лет во бизнис класа, тој најнормално си седна во економска класа со сите други патници, и незабележително се врати во Финска.

Prikaži sliku na Twitteru

Elena Liski@ElenaLiski

Just president of Finland flying home with Norwegian. @iltalehti_fi