ФИФА истражува што се случило со 5.000 продадени билети за мечот Уругвај-Египет

Светската фудбалска федерација(ФИФА) започнала истрага за причините поради кои имало многу празни столчиња на дуелот меѓу Уругвај и Египет . Повеќе од пет илјади места на трибините од „Екатеринбург“ арената во истоимениот град во Русија останаа празни.

Официјалните информации беа дека од вкупниот дозволен капацитет од 33.061 гледачи, на стадионот требало да има најмалку 32.278 гледачи бидејќи биле продадени толку билети.

„Можеме да потврдиме дека официјалната бројка на гледачи за мечот помеѓу Египет  Уругвај во Екатеринбург беше 27,015. Капацитетот на стадионот изнесува 33,061, фактот што актуелната бројка е помала од бројот на продадени влезници отвора дилема, но истото може да се случи поради повеќе фактори, вклучувајќи и го наједноставните, фановите да резервирале или да купеле карти но да не се појават на натпреварот, ФИФА во моментов го истражува ова“ наведоа од ФИФА.