ФОН се простува од својот студент Бобан Аврамовски

Сопственикот на ФОН Универзитет, Сефер Цаноски, објави дека во автобуската несреќа загинал еден нивен студент.

,,Со жалење ја добивме веста за нашиот студент на факултетот за дизајн и мултимедија Бобан Аврамовски кој го загуби животот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе цела Македонија. 
Во овие тешки моменти за неговото семејство изразуваме жалење и сочувство за огромната загуба“-напиша Цаноски.