Формирана коалиција „ВМРО за Македонија“

ВМРО-НП, Обединети за Македонија и Достоинство денеска договорија заеднички настап на претстојните предвремени парламентарни избори на 11 декември.

Коалицијата ја нарекоа „ВМРО за Македонија“.

Договорот го потпишаа лидерите на трите партии, Љубчо Георгиевски, Љубе Бошкоски и Стојанче Ангелов.

Шеф на изборниот штаб на „ВМРО за Македонија“ ќе биде Ден Дончев.

Георгиевски, Бошкоски и Ангелов не ги откриваат носителите на кандидатските листи.