Голманот на ватерполо екипата на Црвена Звезда Александро Краљ на прес конференцијата денеска во Белград ја покажа раната од нападот со нож во Сплит.

Краљ за да се спаси мораше да скокне во морето , претходно бил нападнат со нож а бил и каменуван од хулиганите. Полицијата стигнала на време, насилниците избегале и бил спречен поголем инцидент во саботата во пресрет на натпреварот меѓу Морнар и Црвена Звезда кој поради инцидентот не се одигра.