Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ без многу мака обезбеди полуфинале на Австралија Опен, неговиот противник, Кеи Нишикори поради повреда го предаде мечот.

Ѓоковиќ го добри првиот сет со 6-1, водеше во вториот со 4-1, Нишикори не можеше да го продолжи мечот поради повреда но и замор од  маратонскиот натпревар во осминафиналето кој траеше пет часа.  Ѓоковиќ нема пораз  од Нишикори на последните 15 меча, најдобриот во светот во моентов има шест титули на Австралија Опен, Ѓоковиќ сака ново финале  и седма титула на овој Грен Слем.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето е  Лукас  Пуј од Франција, тој  го победи Милош Раониќ од Канада со 3-1.