Австријката Стефани Фенир победи на спустот во Гармиш Партенкирхен, победничкото време 1:27.46 . За Фенир ова е прва победа во светскиот куп.

Фенир одлично го мина првиот дел од патеката и заслужено стигна до победата. Италијанката Симона Гоџа го освои вторто место со задоцнување од 25 стотинки, а третото место и подиум за Германката Кира Вајдл.

Во спуст води Никол Шмидхофер од Австрија со 364 бода, 18 повеќе од сонародничкаа Рамона Зибенхоофер. Во генралниот поредок лидер е Микаела Шифрин.