ФОТО: Дали делегатите на конгресот на СДСМ ќе ја прифатат понудената листа?

Конечната листа на кандидати на пратеници за СДСМ е на разгледување пред делагите на 21 конгрес на партијата, кој е во тек. Исфрлањето на имињата веднаш предизвика одредени реакции во јавноста, а најмногу за оние кои не биле дел од партијата, ниту пак од Шарената револуција. Очекувано негативни реакции предизвика коалицирањето со ДОМ и сигурното пратеничко место за Лилјана Поповска.

Конечниот збор го даваат делегатите на конгресот, но од критериумите за избор на кандидати за пратеници предложени од СДСМ, не може јасно да се види дали тие може и да ја променат листата, односно да не изгласаат некој кандидат.

 

%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b3%d1%80%d0%b5%d1%8121 %d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%b3%d1%80%d0%b5%d1%8122

 

Еве ја целосната постапка за тоа кој може да биде кандидат за пратеник предложен од СДСМ, објавена во септември, годинава.

1. Критериуми

Кандидатите на СДСМ за пратеници во Собранието на Република Македонија
треба да ги исполнува следните основни критериуми:

1. Да уживаат висок углед и доверба меѓу членството и симпазитерите на СДСМ,
како и меѓу граѓаните на Република Македонија;
2. Да бидат доследни во остварувањето на политичките и програмските
определби на СДСМ;
3. Да го почитуваат Етичкиот кодекс на СДСМ;
4. При предлагањето кандидати за пратеници се води сметка за регионалната,
старосната, етничка и родова застапеност;

6. Кандидат за пратеник не може да биде лице кое:

– е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над
шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и
– се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело

2. Постапка
А) Согласно овој Правилник, право на предлагање на можни кандидати за
пратеници во Собранието на Република Македонија имаат:
– Месните одбори на општинските организации на СДСМ;
– Извршните одбори на општинските организации на СДСМ;
– Извршниот одбор на ЦО на СДСМ;
– Самокандидирање.

Б) Евидентирањето на кандидатите за пратеници во Собранието на Република
Македонија ќе се спроведе на состаноци на сите месни одбори во општинската
организација на СДСМ.

В) По спроведувањето на постапката за евидентирање на можни кандидати за
пратеници на состаноците на месните одбори, Извршниот одбор на ОО СДСМ треба да
ги разгледа сите евидентирани кандидати за пратеници и да ги елиминира од листата
на евидентирани оние кандидати кои не ги исполнуваат основните критериумите од
овој правилник, со право во расправата да предложи и други, нови можни кандидати.

Извршниот одбор на ОО на СДСМ, ЦЕЛОСНАТА ЛИСТА НА ЕВИДЕНТИРАНИ
КАНДИДАТИ (со веќе елиминирани кандидати кои не ги исполнуваат основните
критериуми од овој правилник), заедно со евентуалните новопредложени кандидати за
пратеници, ги доставува до Извршниот одбор на ЦО на СДСМ, а притоа треба да се
води по следниот принцип:

– ОО СДСМ (општини до 20.000 гласачи) треба да достават листа со најмалку 2
евидентирани кандидати ;
– ОО СДСМ (општини од 20.000 – 50.000 гласачи) треба треба да достават листа
со најмалку 5 евидентирани кандидати ;
– ОО СДСМ (општини над 50.000 гласачи) треба треба да достават листа со
најмалку 8 евидентирани кандидати ;
– При евидентирањето, а согласно одредбите од Статутот на СДСМ, да се води
сметка за застапеност на млади и помалку застапениот пол

Г) Врз основа на правилникот како и врз основа на Статутот на СДСМ постои
можност за самокандидирање со поднесување на соодветните обрасци до Извршниот
одбор на ЦО на СДСМ.
Д) Согласно правилникот, Извршниот одбор на ЦО на СДСМ во својство на
кадровска комисија расправа за доставените предлози од ОО СДСМ и
самокандидатурите, со право во расправата да предложи и други, нови можни
кандидати.

Врз основа на критериумите за евидентирање и утврдување на можни кандидати
и врз основа на Договорот за коалицирање (доколку се настапи во коалиција со други
партии) со кој се утврдени местата на изборните листи за пратеници од Коалицијата,

ИО на СДСМ му предлага на ЦО на СДСМ листи на можни кандидати за пратеници за шесте изборни единици од редовите на СДСМ и листа на кандидати за изборната единица во дијаспората.
Ѓ) Централниот одбор на СДСМ, го разгледува предлогот на листите на
кандидатите за пратеници, ги усвојува со гласање и ги доставува до Конгресот за
дефинитивно утврдување.
Е) Конгресот на СДСМ води расправа по предлогот на ЦО на СДСМ и утврдува
кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија.

 

ФОТО-ako.mk