Јанис Адетокумбо  ја доби наградата за  најкорисен играч во  НБА  за сезоната која неодамна заврши ,  Лука Дончиќ е прогласен за дебитант на годината, Европа ја покори НБА .

Јанис  ги победи Џејмс Харден и Пол Џорџ и стана  вториот кошаркар од Европа кој е прогласен за МВП  во НБА лигата.

Дончиќ  убедливо ја освои наградата за дебитант , имаше извонредна сезона,  доби 98 од можните 100 гласови со што  го победи Треј Јанг од Атланта.

Меџик Џонсон и Лери Бирд ја добија наградата за  животно дело, Дерим Роуз  го има  „моментот на сезоната“ со   50-те  поени против Јута.