Во организација на Гаспром оваа недела се одржува седмото по ред „Фудбал за пријателство “ , проект во кој учествуваат деца од 211 држави од светот.

Македонија има свои претставници од младинската школа на Вардар, малиот Лука Јаневски со својата екипа од мешан состав стигна до финалето во Мадрид.

Утре , на главниот плоштад во Мадрид ќе се одржат финалните натпревари со македонски претставник.

На финалните натпревари ќе присуствуваат гости од Гаспром како главен покровител на оваа манифестација и високи гости од УЕФА кои се дел од овој голем проект.