ФОТО: Најбогатиот човек во светот од трибините го следеше финалето на Вимблдон

Финалето на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер на трибините доведе голем број луѓе од светскиот џет сет.

Меѓу нив е и милијардерот Џеф Безос кој во моментот се смета за најбогатиот човек во светот.

Основач е на Амазон и сопственик на Вашингтон пост, а богатството му се проценува на 160 милијарди долари.

Неодамна беше во сериозен скандал откако беше фатен со љубовницата, по што следуваше развод од сопругата по 26 години брак.

Нивниот развод се проценува за најскап во историјата, бидејќи сега веќе поранешната сопруга од истиот заработи 37 милијарди долари.