На големата церемонија во Монте Карло, Новак Ѓоковиќ по четврти пат ја доби престижната награда „Лауреус“ за најдобар спортист на планетата.

Новак Ѓоковиќ

Таканаречениот „Спортски Оскар“ најдобриот тенисер во светот во моментов, Новак Ѓоковиќ оваа награда ја добиваше и во 2012, 2015 и 2016 година.

Ѓоковиќ победи во конкуреција на Луис Хамилтон , Леброн Џејмс, Килијан Мбапе, Лука Модриќ…

Во женска конкуренција за најдобра во светот е прогласена гимнастичарката Симона Бајлс од Сад која има 14 златни медали на Светските првенства, на Мундијалот во Доха минатата година освои дури четери златни одличја

За најдобар тим изминатата година е прогласена фудбалската репрезентација на Франција, Линдзи Вон ја доби наградата за „спортски дух“ на годината.