На 54-то европско првенство во карате кое се одржува во Гвадалахара, Шпанија, македонските каратисти обезбедија две борби за медал.

Европскиот шампион Емил Павлов во категорија -60 кг имаше 3 победи и пораз и во сабота ќе се бори за бронзен медал против Романецот Гоголоси. 


Пулексенија Јованоска мина 3 кола во кати и обезбеди борба за бронзен медал против Французинката Ферас. На чекор до борба за медал Берат Јакупи, кој заврши со 3 победи и еден пораз во категорија -84 кг. Од каратистките во борби Наташа Стефановска имаше 2 победи и пораз. Борбите за бронза се на 30 март, во живо на karateworld.tv од 9.30-11.30 часот, а утре се екипните натпревари