Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Филип Поповски имаа средба и со Наташа Андонова. На нашата најдобра фудбалерка и посакаа многу среќа во утрешното финале во Лигата на Шампионите.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски учествуваат на состанок со асоцијациите членки на УЕФА и раководството на европската фудбалска асоцијација на кој се разговара за иднината на УЕФА натпреварувањата, со посебен акцент на новото (трето) натпреварување (работен наслов: УЕФА Европа Лига 2) за кое УЕФА во декември минатата година даде одобрување за почеток од сезоната 2021. 

Со новото натпреварување, кое ќе го отсликува форматот на постоечката Лига на Шампиони и Лига на Европа, повеќе клубови од повеќе асоцијации ќе бидат дел од елитниот европски фудбал. Вкупно 32 екипи ќе учествуваат во групната фаза, а ќе бидат одиграни 141 натпревар.

Претседателот и генералниот секретар на ФФМ денеска во Будимпешта имаа средба и со нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова и македонскиот репрезентативец и член на МОЛ Види, Бобан Николов. Наташа Андонова утре во главниот град на Унгарија со Барселона ќе игра финале во женската Лига на Шампиони против француски Лион. Сејдини и Поповски и посакаа многу среќа на Наташа и ќе и дадат поддршка на стадионот на Ференцварош. 

Сите сонуваме за успех и победа во утрешното финале, го сакаме пехарот. Целата кариера работам за таа цел, да се искачам на европскиот врвНашите шанси се големи за победа и за добар резултат кој ќе ни ја донесе европската круна. Целиот тим размислува победнички, атмосферата е повеќе од позитивна. Знам дека можеме да успееме во нашите цели“, вели Наташа Андонова.