Нверојатно е колку Македонија е „мала“, сите знаат дека Данило Брестовац ќе биде селектор само РФМ едноставно „не знае“ кого ќе одбере на конкурсот!

Чаршијата збори, ќе ти кажам „ ама не знаеш“ има кандидати ама Брестовац ќе биде селектор… Македонија е мала и сите се знаеме, ама некои знаеме дека „ништо не знаеме “, всушност знаеме ама не смееме да кажеме, така и новиот селектор кој иако „ не знае“ ама постира на ФБ дека „веројатно“ ќе биде селектор, и добива честитки , нормално, важно конкурирал…

Секоја чест на Данило Брестовац и не се сомневаме во неговите квалитети, се сомневаме во РФМ, знаат ама не знаат, има ама нема кандидати , згора на се на сајтот нема ништо, има информација дека има КОНКУРС за селектор, има ама …

РФМ е втора најмоќна федерација, колегите новинари не смеат да критикуваат зошто ако го направат тоа нема ВАУЧЕР за Европско и Светско првенство, за следење на големите натпреварувања, затоа ќе молчиме, или ќе молчат, за арно за убаво… За жал молчиме иако знаеме како оди „конкурсот“…

Секако најважно е да одиме на ЕП и СП, и со новинарски ВАУЧЕР и без него, се е минливо, ама избор на селектор на конкурс за репрезентација не е обична работа, нормално комисијата даде предлог до УО на РФМ, нема да шпекулираме ама знаеме кој ќе биде селектор, за ВАУЧЕР станува збор….