ФОТО: Скопје и Општина Чаир му се поклонија на Европскиот првак Бесар Алили

Младиот македонски борач  Бесар Алили пред неколку дена стана европски шампион во слободен стил во категорија до 48 килограми, откако во финалето на кадетското Европското првенство во Фиренца славеше против Ховханисјан од Ерменија со 7-6.

Алили беше дочекан од неколку илјади граѓани на  Скопје, општината Чаир приреди дочек на плоштадот Скендербег за новиот Европски шампион. На дочекот  беше поздравен и од градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Во текот на утрешниот ден Бесир Алили ќе оствари и средба со градоначалникот Шилегов. Град Скопје секогаш ќе ги поддржува спортистите и сите големи спортски успеси затоа што нема подобар начин за промоција и афирмација на нашиот град. За потсетување, Град Скопје во 2018 година го прогласи Бесир Алили за најдобар спортист на Град Скопје во категоријата – Најталентиран млад спортист – кадет.

Фото: Град Скопје