Стоиолов се опоравува од операцијата на коленото и се е во ред  со капитенот на Вардар и македонски репрезентативец.

Оперативниот зафат беше извршен во „Аџибадем Систина“ од каде информираат дека очекуваат брзо опоравување и ќе почне со вежби и физикална терапија.

„Неколку дена по операцијата капитенот на денешниот контролен преглед не информираше дека  се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Од утре Столе може да почне со вежби и физикална терпија, кои ќе потпомогнат за побрза рехабилитација“ – стои во информацијата од болницата.