Познатото шеталиште на кејот на Вардар зад Трговски центар повторно е цел на незаситните апетити на раководството на ВМРО ДПМНЕ и нивните бизнис партнери. По две години мирување од утрината се извадени коцките и шеталиштето е претворено во градежна парцела:

Голем дел од плочникот кој од хотел Холидеј Ин води он кафулињата и рестораните од задната страна на Трговски центар на кејот на Вардар, е раскопан, коцките се извадени и со колчиња се оградува и ограничува просторот за движење:

Градоначалникот на општина Центар веќе најави вонредна седница на Советот на општина, на која ќе се обидат уште еднаш со нови мерки да го спречат уништувањето на овој пешачки дел во центарот на градот:

Ова е вторпат инвеститорот Дивелоп Груп да се обиде да направи надземна сообраќајница кон објектите кои во меѓувреме беа изградени на плоштадот или уште се градат, откако град Скопје ги одзеде ингеренциите на општина Центар и откако во 2012 градоначалникот Владимир Тодоровиќ со советниците од ВМРО ДПМНЕ кои тогаш беа мнозинство го сменија ДУП-от.

АКО.мк