ФОТО: Филипе Кутињо пристигна во Минхен

Баерн Минхен вечерва ќе го претстави Филипе Кутињо како најново засилување за составот на Ковач.

Кутињо попладнево треба да ги помине лекарските прегледи по што ќе стави потпис на едногодишен договор како позајмен играч од Барселона.

Кутињо ќе го добие дресот со број 10 во баварскиот гигант.