Англичаните се изначекаа но дочекаа, по 48 години имаат шест тима во четвртфиналето од Лигата на шампионите и Европа лигата.

Денешната ждрепка со нетрпение ја чекаат шест англиски тима, четери во Лигата на шампионите и два во Европа лигата. Англија по 1971 година има причина да се радува, Сити , Ливерпул, Тотенхем и Јунајтед се меѓу осумте најдобри во ЛШ, Челзи и Арсенал во четвртфиналето на ЕЛ.

Ако им биде наклонета ждрепката во двете конкуренции можно е да има англиско финале во ЛШ и ЕЛ оваа сезона.