Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов беше гостин на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој додели награди на најталентираните спортисти на општината.

Стефан Богоев додели награди за најдобрите спортисти, Чурлинов и Радуловиќ , истакнати наши спортисти и надежи, беа дел од церемонијата на доделувања на награди на оваа општина од Скопје.

Градоначалникот, Стефан Богоев повод доделувањето на наградите на својот ФБ профил напиша:

„ На мое големо задоволство, денеска, на новите терени во „Јан Амос Коменски“ присутни беа и нашите спортски легенди: Валентина Радуловиќ, Ѓорѓи Чековски и перспективниот млад фудбалер, Дарко Чурлинов. Изминатава година инвестиравме и во нови терени во „Војдан Чернодрински“, со цел да ги подобриме условите за спорт и рекреација на најмладите.