Дарко Чурлинов е најмладиот дебитант во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, Дарко денеска беше дел од тренингот на новата школа за фудбал на Академија Пндев отворена во општина Карпош.

Дарко Чурлинов го следеше тренингот на новите идни звезди на фудбалот во Македонија, Чурлинов од понеделник се става на располагање на селекторт Игор Ангеловски во пресрет на квалификациите за Европското првенство. Првата средба, Македонија ја игра со Летонија на 21 март од 20-45 часот на арената „Филип Втори“ во Скопје со пренос на Спортклуб 1 и коментар на макеоднски јазик.

ФОТО : sportmedia.mk