Шкендија го доби дербито со Вардар 1-0 со голот на Имери во 23 минута и ја зголеми предноста на табелата на +8 во однос на тимот од Скопје.

Вардар беше оштетен на овој меч, по водството на Шкендија , Филип Најдовски постигна гол со шут од далечина , топката од пречката заврши зад гол линијата но судијата Мечкаровски тоа не го забележа.