Франција го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО

,,Франција 🇫🇷 ратификуваше! Ни остана уште Шпанија! Стануваме полноправна членка на НАТО! 🇲🇰 “-напиша на социјалните мрежи министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Шпанија е последната од земјите членки на НАТО која го нема ратификувано протоколот поради предвремените парламентарни избори.

Сепак, по формирање на новата Влада и конституирање на Парламентот, се очекува и Шпанија до крајот на годината да ја помине оваа формалност, по што на следниот Самит на НАТО, РС Македонија ќе стана и официјално 30 членка на Алијансата.