Франција е светски првак во фудбал, ја победи Хрватска со 4:2

Франција е новиот првак на Светското првенство во фудбал, што се одржуваше изминатиот месец во Русија. Французите ја совладаа репрезентацијата на Хрватска, која за првпат во историјата, се искачи на второто место на едно светско првенство.

Французите ја потопија надежта на Хрватите, кои дојдоа со големи очекувања. Но, автоголот на Манџукиќ, ја разниша нивната самодоверба, а потоа се нижеа погодоците на Французите.

На крајот, трагичарот Манџукиќ успеа да си го поврати достоинството постигнувајќи гол што ќе се памети. Имено, тој успеа да му ја одзеде топката на францускиот голман, кој ноншаланто во шеснаесетникот си поигруваше, а потоа доби погодок во мрежата од Хрватот, кој го спаси образот на репрезентацијата, исто колку и својот.

Франција – Хрватска, 4:2.