Францускиот амбасадор ѝ се извини на Србија поради протоколот на седење во Париз

Амбасадорот на Франција во Белград, Фредерик Мондолони, денеска упати извинување до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и до српскиот народ, поради протоколот и распоредот на седење за време на одбележувањето на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна во Париз.

,,Со Србија сме многу блиски . Србија во Првата светскам војна изгуби речиси една третина од своето население, 62 проценти од машкото население и Франција тоа нема да го заборави“-изјави за тв Прва францускиот амбасадор.

,,Тажен сум бидејќи требаше да ја славиме нашата заедничка победа, и тоа во очи најавената посета на претседателот Макрон на Србија. Ова на некој начин го расипа сетоа тоа“-рече Мондолини.

Тој смета дека тоа е пропуст на протоколот и дека е настан за жалење.

На прашањето како ги коментира насловите на француските медиуми дека Франција се посрамотила, Мандолини вели:

,,И јас ги читам весниците, тоа беше грешка и молиме за извинување и простување, и српскиот народ и претседателот Вучиќ“-рече амбасадорот.

Распоредот на седење во Париз пред Триумфалната порта, беше изненадување за многу од присутните. Најмногу реакции имаше заради почесното место на косовскиот претседател, Хашим Тачи.