Францускиот Претседател објави фотографија од убиениот професор…

Францускиот претседател, Емануел Макрон, на своите профили на социјалните мрежи објави фотографија со година на раѓање и смрт на убиениот професор Самуел Пати. Без дополнителен коментар.

Самуел Пати сред Франција, близу Париз, пред училиштето во кое предаваше, беше обезглавен од 18 годишен Чеченец, само поради покажување на карикатура од пророкот Мухамед и коментар за слобода на говорот пред учениците.