ФС на Албанија провоцира: Косово, Албанија, Македонија и Прешево ќе бидат една репрезентација

По мечот помеѓу Србија и Швајцарија не стивнуваат реакциите, а дополнително „масло на оганот“ долеа потпаролката на Фудбалската Федерација на Албанија, Јоана Дервиши.

Таа во интервју за агенцијата „Прешево Јони“ даде скандалозна изјава  дека сонува за “голема репрезентација”.

„Длабоко во себе, потполно верувам дека еден ден ќе играме под едно исто знаме и дека сите наши фудбалери од Албанија, Македонија, Косово и делот на Прешево ќе настапуваат за една репрезентација“, вели Дервиши, која истовремено го прокоментира прославувањето на Шаќири и Џака.

 ” Не беше тоа нормален меч, туку натпревар за гордост. Албанските орли сокриени под Швајцарија успеаа да се издигнат и да испратат порака за Србија дека се бориме за мир, а не за војна”.