Голем инцидент се случи за време на прославата на 28-та титула на фудбалерите на Црвена Звезда. За време на организираната прослава, кога отворениот автобус со фудбалерите се движел по улиците на Белград, тој се запалил, но за среќа сите фудбалери безбедно го напуштиле возилото.

Српските медиуми велат дека играчите на Црвена звезда скокнале од автобусот за да се спасат, а низ улиците настанал хаос.

Според неофицијални информации, пожарот е предизвикан од еден од играчите со факел, кој случајно го запали маслото кое истекуваше од автобусот, а потоа пожарот се проширил.

 

Овој инцидент не ги спречил фудбалерите на Црвена Звезда да ја прослават титулата, па прославата продолжила во еден ресторан во Белград.