Фудбалер на Барселона меѓу првите им помогнал на жртвите од терористичкиот напад

Играчот на Барселона, Лукас Диње, беше меѓу првите што им помогнаа на жртвите на терористичкиот напад, којшто се случи изминатиот четврток во овој шпански град.

Како што објавија шпанските медиуми, Французинот неодамна се преселил со својата сопруга во нов стан во близина на плоштадот каде што беа прегазени и усмртени 14 туристи, а повеќе беа повредени.

Само неколку минути по терористичкиот напад, Диње излегол од својот стан и тргнал да им помогне на повредените. Тој со себе носел пешкири и вода и им ги делел на настраданите.

Диње не сакаше да го коментира овој храбар чин со којшто ја воодушеви спортската јавност.