Фудбалската репрезентација на Македонија е на 71 место на најновото рангирање на ФИФА што е пад од три позиции во однос на месец јануари.
На листата најголем прогрес забележа освојувачот на Купот на Азија – Катар, Тие напредуваа за 38 позиции и сега се на 55 место на листата.
Јужна Кореја се искачи за 15 места до 38 место, а Јапонија напредуваше за 23 места, до 27 позиција на ФИФА рангкингот.
Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП, Полска е на 20 место, Австрија на 23-то, Словенија 63-то, додека Летонија е на 131-во место.
Нема промени меѓу најдобрите десет, прва е Белгија, потоа следуваат Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.