ФФМ го осуди говорот на омраза кон Алиоски и побара институционално решавање на случајот

,,Фудбалската федерација на Македонија најостро го осудува говорот на омраза чија последна жртва беше нашиот репрезентативец и фудбалски амбасадор Езџан Алиоски.

Ние како федерација и институција која е социјално одговорна и се залага за развој на позитивните вредности во општеството секогаш ќе стоиме на страната на правичниот третман и почитувањето, без оглед на верската, националната припадност, расата или бојата на кожата!

Сите репрезентативци кои со гордост го носат националниот дрес се нашите најголеми амбасадори, и заслужуваат секаква почит!

Уште еднаш сакаме да порачаме – Омразата не игра на наш терен! Да ја исклучиме и од нашето окружување!

Ги повикуваме институциите на системот соодветно да реагираат на ваквите немили настани, со цел никогаш да не се повторат“-стои во соопштението на Фудбалска федерација на Македонија.

Македонскиот репрезентативец Езџан Алисоки, вчера објави дека бил истеран од кафуле во Прилеп, поради тоа што зборувал на албански јазик.

Повикан е во обвинителство да даде изјава.

Од пососченото кафуле, кое патем уште не е јавно објавено , демантираат дека се случило такво нешто.

Се очекува официјално објаснување за целиот настан.