Пишува: Бранко Илиевски

Дојде време за Собрание, дојде време за легитимни и нелигитимни, за право и „правдина“, имате ли ВИЕ време за „фудбалЦките“ работи ?!

Чекавме  и дочекавме, време е за Собрание и тоа изборно во ФФМ,  и нормално  се подадоа сите во 90+,  Агенцијата за млади и спорт која смета чисто „спортски“ ,  сега е време , на неколку дена пред собранието, сега е време за „Законот“ за „правдата“ …

Најмоќната, најбогатата , една од најуспешните  и секако најорганизираната спортска федерација кај нас, ФФМ, ќе избира нов претседател, нормално  сега е време за сплетки и дриблинзи, сега е време за „власт“ сега е време за СЀ , нормално за СЀ  освен за ФУДБАЛОТ !

Илчо Ѓорѓиоски веќе девет месеци не е претседател на ФФМ, отстапи од функцијата бидејки ќе „работел“ во УЕФА, нема достапни информации дека е така, но по смената на власта, се смени и претседателот на ФФМ, секако „нормално“ е тоа кај нас.

Фудбалската јавност во меѓувреме се радуваше на успесите на репрезентацијата, нашата најдобра селекција е на два чекори до пласман на Европско фудбалско првенство, треба да го победиме Косово што и не е некоја тешка работа, а потоа во плеј-офф  да играме за пласман на историско ЕП, кај нас до душа се е историско, ама ова па навистина е така !

Арно ама АКО ние самите  не ја упропастиме шансата нема кој друг, така сме навикнати, таква традиција имаме, па зошто да не ја почитуваме, иако е самоуништувачка, такви сме ние, такви сме , да уништиме па што сака нека биде…

Време е за собрание на ФФМ, се чекаше девет месеци по оставката на Илчо Ѓорѓиоски  па Агенцијата за млади спорт да почне да „сугерира“ дека најбогатата  најорганизираната федерација не работи според „законот“, нормално пред изборното собрание, на неколку дена  пред  изборот, не е важно што мисли УЕФА , важно  е што мислиме „ние“ , а богами „ние“ изгледа  НЕ мислиме ништо.

Мешањето на политиката во фудбалот е строго забрането, правило на УЕФА, тоа го знаат и тие што заговараат да нема собрание викендов на кое единствен легален кандидат е  Муамет Сејдини, друг НЕМА , иако имаше време да се дојде до кандидатура. Немаше  кандидатура од базата на 26 ОФС во Македонија,  легална според статутот на ФФМ  кој ускладен на оној на УЕФА бидејки поинаку и НЕ  може, не смее, тоа го знаат во ФФМ, инаку од УЕФА ке бидат суспендирани, не од АМС.

Но сега на потег е „законот“ , оној на силата , не на правото, бидејки се чекаше девет месеци за тоа, сега е време за гол од пенал или автогол , ама важно е да е гол или   ГОЛ популизам за власт ( фудбалска ), нема друго, нема, бидејки сега е моментот да се упропасти СЀ, да се укине ФФМ, да се направи „РЕСТАРТ“ , нормално за доброто на фудбалот, без оглед дали УЕФА ќе не суспендира, со тоа ќе ја изгубиме шансата за пласман на ЕУРО 2020, важно е да зборува „ЗАКОНОТ“ на силата, а не силата на „ЗАКОНОТ“, за гол, за чист АВТОГОЛ !  

Повелете господа,  УКИНЕТЕ  го фудбалот, борејќи се за фудбалска власт кога веќе ја изгубивте битката изминативе девет месеци , неспособни да дојдете до легална кандидатура од базата предвидена според статутот на ФФМ, оној „неускладениот“  на УЕФА, која нели „не знае“  и секако „не гледа“ што се случува, па ни дозволува самите да решаваме како сакаме.

Сакаме да не нема на УЕФА мапата, вака како сме тргнале со интриги и дриблинзи , не ни заслужуваме  ЕУРО 2020, најубаво е да се „тепаме“ меѓу себе за 10 милиони евра, локално, за синови и ќерќи, за наши и ваши, всушност за НИКАДЕ, никој да не нѐ гледа, ни надвор , ни дома па ни самите себе.