Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука сите натпревари в недела од 19 коло да започнат со една минута молчење во чест на загинатите во сообраќајната несреќа кај Карпалак.

Македонија ја потресе голема сообраќајна несреќа во која загинаа 14 лица, а прогласена е дводневна жалост  .

Фудбалскиот шампионат продолжува по зимската пауза, дербито се игра во Тетово , Шкендија го пречекува Вардар од 14-00 часот.