ФХ: Македонија, Узбекистан и Естонија се светли точки за демократијата за 2017 година

Светли точки во изминатата година на полето на демократијата беа Македонија, Узбекистан и Естонија.

Ова е нотирано во најновиот извештај на организацијата која ја мери демократијата и напредокот на земјите во транзиција, Фридом Хаус.

,,Промената на власта во Македонија во јуни донесе шанса да се смени долгогодишното узурпирање на  државата и да се решат долготрајните спорови со соседите кои го попречуваат развојот на земјата.

“Пренасочувањето на штетата врз македонската демократија ќе покаже дека граѓанската мобилизација и меѓународните заложби можат да создадат вистински вредности”, стои во извештајот на ФХ.

Фридом Хаус препорачува дека : ,,Македонија заслужува кредибилна поддршка при пристапувањето во ЕУ”.