Хади Османи: Артан Груби немаш морално право да реагираш за Љуботен

Членот на СДСМ и координатор за меѓуетнички односи за Куманово, Хади Османи, му одговори на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, кој побара објаснување од Финансиска полиција за денешната акција за заплена на шврецуван тутун во скопското село Љуботен:

,,Aртан Груби ти немаш морално право да реагираш во врска со денешните случувања во село Љуботен. Додека ти беше во коалиција со Груевски и Јанкуловска , Албанците се убиваа во полициски акции. Со таква реакција можеш да излезеш само кога ќе дадеш оставка од позицијата пратеник на владејачката партија.

Додека си миленик на сите власти, немаш право да играш со емоциите на жителите на Љуботен.

Јас ќе зборувам со надлежните и гарантирам дека ако имало било какви пречекоруваа на надлежностите дека ќе има одговорност за тоа. Што помалку реагираш ти, тоа подобро за жителите на Љуботен“-пишува Хади Османи од СДСМ.