Хади Османи од СДСМ му реплицира на Бујар Османи од ДУИ-Белановце е проект на Влада на РМ и на СДСМ

Хади Османи од СДСМ , кој воедно учествува во формирање на огранок на оваа партија во Липково, реагира на видео пораката на Бујар Османи од ДУИ (вицепремиер за евроинтеграции), во која тој информира дека успеал да ги деблокира парите од ИПА фондовите преку кои ќе се изгради и отвори граничниот премин Белановце кон Косово.

,,Структурите на СДСМ кои се во процес на формирање во Липково, сакаат да истакнат дека отворањето на граничниот премин кон Косово, кај селото Белановце, е проект на Владата на РМ , а главна улога во процесот има СДСМ на чело со Зоран Заев. Ова не е партиски проект на ДУИ, како што се рекламираат службени лица на оваа партија“-стои во реакцијата на Хади Османи од СДСМ.

Тој реагираше откако Бујар Османи се пофали и ги истакна неговите напори во отворањето на овој граничен премин кон Косово. Тој видео пораката ја објави на својот ФБ профил, каде главно информира за неговите активности како вицепремиер за евроинтеграции:

 

Хади Османи неодамна изјави дека за него најприфатлива политичка опција во Македонија е СДСМ, заради граѓанскиот концепт што го негува. Тој вели дека сака градоначалник на Липково да биде кадар на СДСМ и самиот би влегол во таков поредизвик, доколку ја добие довербата од партијата.

,, Зошто сакам градоначалник од СДСМ во Општина Липково?  Оваа општина беше заборавена од државата. Од една страна, кај Македонците имаше многу предрасуди, а од друга страна, пак, мештаните поради игнорантскиот однос на политичарите кон оваа средина не ја чуствуваа Македонија како своја земја. Со градоначалник Албанец од редовите на СДСМ, со оглед на сериозноста на оваа партија, тука ќе се смени се од корен. Уверен сум жителите ќе почнат да ја чувствуваат државата како своја и ќе се надминат сите предрасуди што ги спомнав и кај Македонците кон Липково и кај Албанците кон Македонија како држава, па и кон владата и институциите воопшто“-вели Хади Османи.

Инаку, Бујар Османи од ДУИ и вицепремиер за евроинтеграции, на својот ФБ профил, еднаш неделно им се обраќа на неговите поддржувачи со видео пораки.

На пример, интересна е неговата видео-порака на денот на одбележување годишнина од Рамковниот договор, во кругот на семејството:

Владата неодамна објави дека работи на отворање на нов граничен премин кон Косово, а тоа е Белановце. До овој премин веќе е изграден асфалтен пат.

АКО.мк