„Добра средба со премиерот Зоран Заев во Скопје. Земјата сврте нова страница, отворајќи го патот за нова динамика на реформи за доброто на граѓаните. Пофалби за Премиерот за покажаното лидерство со подадената рака кон соседите и ставањето на страна на политичките и етничките поделби“, напиша Хан на „Твитер“ по средбата со Зоран Заев, претседател на Влада на РМ.