Хан: ЕУ ќе помогне, очигледно треба уште да се преговара

,,Очигледно на партиите им треба уште време за преговарање за да донесат добра одлука за државата, ЕУ ќе помогне колку што треба, рече еврокомесарот Јоханес Хан за време на предавањето на донацијата за МВР.

 

„ Очигледно, потребно е уште време. Партиите треба да продолжат да преговараат за доброто и интересите на државата, заради граѓаните, европската перспектива и да се фокусираат на конкретна работа за иднината на земјата, за натамошна интеграција. Сега е време кога треба да ја демонстрираат демократската зрелост“, изјави Хан.

Тој утрината на МВР му предаде донација од 31 теренско возило за потребите на Гранична полиција.