Хан и европратениците заговараат Влада на широка коалиција

Во заедничката изјава членовите на Европскиот парламент Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн, Иво Вајгл и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан наведуваат дека Македонија нема време за губење.

„Апелираме до сите политички лидери да најдат, во  согласност со крајните законски рокови, заедничкa основa за формирање стабилна, цврста и одговорна влада. Таква коалиција би требало да се собере околу силниот, инклузивен, реформски консензус и меѓуетничка соработка. Сето ова е клучно за да се врати земјата на евроинтегративниот пат, на кој сите партии се обврзаа, а граѓаните го посакуваат и заслужуваат“, се вели во заедничката изјава.

Тоа е долготраен процес, се наведува во изјавата и се потенцира потребата од поддршка на СЈО:

„Апелираме до сите политичари, да продолжат со силната работа и да го забрзаат спроведувањето на договорот од Пржино и итните реформски приоритети и да го поддржат Специјалното јавно обвинителство, кое мора да има време и ресурси да ја заврши својата работа на независен и неполитизиран начин“, се вели во заедничката изјавата.

Во недела на 29 јануари , истекува рокот за состав на Влада и парламентарно мнозинство. Мандатот го има ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Лидерот на СДСМ Зоран Заев неколку пати досега изјави дека по 29, тие ќе го имаат мандатат и ќе состават нова Влада.

ако.мк