Хан: Ова е екстремно разочарување

Се’ уште актуелниот еврокомесар за проширување, Јоханес Хан, на Твитер сподели дека е многу разочаран од исходот на самитот на ЕУ во врска со проширувањето.

,,Ова е екстремно разочарување. ЕУ сега мора да објасни дали е вистинска нејзината посветеност за интеграција на Западен Балкан. Ова не е момент за славење во ЕУ. Одбивањето да се признае докажаниот напредок ќе има негативни последици, вклучително и дестабилизација на Балканот и тоа со целосно влијание на одлуката на ЕУ. Сега мора да ги пддржиме граѓаните кои со право до срж се разочарани и јас ќе напаравм с’ да бидам со нив. Интеграцијата на Западен Балкан е наша важна стратешка определба во заеднички интерес“-напиша Хан на Твитер.