Хан: Сите партии треба да ги почитуваат демократските одлуки

Еврокомесарот Јоханес Хан по министерскиот состанок на министри на земји од Западен Балкан , на прес конференција рече дека тој ќе ги сослуша лидерите на политичките партии што имаат да кажат, но никому нема да дава совети што да прави:

„Јас нема да давам никакви предлози на партиите за тоа како да продолжат. Што поголемо мнозинство има во Парламентот, тоа подобро. Крајната одлука треба да ја донесат политичарите во оваа земја и тие ја имаат одговорноста пред гласачите. Можеби резултатот од изборите го изненади некого, но гласачите секогаш се во право и тоа треба да се почитува. Сега задача на политичарите е да формираат влада, која ќе ја предводи земјата во наредните 4 години. Тоа е она што е важно, а демократските одлуки треба да ги почитуваат сите партии“, рече Хан.

Фото:мкд.мк