Хан со нетрпение ја очекува средбата со обвинителката Јанева

,,Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставувањето на датум за избори во декември е добар чекор. Но, сепак тоа е само почеток- вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во изјавата што ја дистрибуираше неговиот кабинет по пат на соопштение.

МИА го пренесува соопштението во кое се нагласува и средбата со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за која Хан има посебен интерес и со нетрпение ја очекува ,,за да чуе како напредува нејзината работа и со какви предизвици се соочува”.

Еврокомесарот ќе се сретне со техничкиот премиер Димитриев, како и со лидерите на четирите политички партии,потписници на договорот од Пржино.

Јоханес Хан во Скопје доаѓа утре, петок 14-ти октомври.