Хаос во Белград, демонстрантите ги тепаат опозиционерите, Ѓилас, Сергеј Трифуновиќ и други

Демонстрациите во Белград стануваа сѐ понасилни.

Група демонстранти за кои не се знае точно кој ги организира, вечерва ги напаѓаше, бркаше од протестите и тепаше опозиционерите кои исто така имаа закажано протести.

Сергеј Трифуновиќ доби удар со апарат во глава, а Драган Ѓилас, според некои медиуми, бил тепан со ремени.

Некои истураа пиво врз нив.

FOTO TANJUG/ TARA RADOVANOVIC/bs

Сергеј Трифуновиќ објави дека бил нападнат од екстремните десничари, оние за кои зборуваше денеска на прес конференција и претседателот Вучиќ.