Хаос во ДУИ и дистанцирање од резолуцијата за геноцид врз Албанците од партиски функционери

ДУИ во хаос во врска со резолуција за осуда на геноцидот извршен врз Албанците во периодот 1912-1956, кој беше дел од заедничката изјава на албанските партии-известува ТВ Шења.

Високи официјални претставници на партијата последните денови се дистанцираа од резолуцијата за геноцид. Пратеникот Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ Али Ахмети, неодамна наведе дека оваа точка не беше дел од изборната платформа на ДУИ.

“Заедничката изјава се однесува на сите елементи на изборната програма на платформата 2020 на ДУИ. Земете ги, анализирајте ги, споредете и само екстра (повеќе) е резолуцијата за геноцид над албанската нација на територијата на РМ во посочениот период, само таа е екстра “, изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби.

Оваа изјава на Груби е во целосна спротивност со изјавата на шефот на партијата Али Ахмети, кој на една друга емисија изјави дека резолуцијата за геноцид врз Албанците беше иницирана поаѓајќи и од неговата семејна трагедија. Ахмети овие зборови неколку пати ги повтори инсистирајќи дека тој инсистира на резолуцијата.

“И кога зборувам за геноцид, јас тргнувам од мојата куќа, од моето семејство, бидејќи трагедијата на моето семејство е трагедија на албанската нација, бидејќи од Лап до Струга, од Митровица, до границите во Ѓаково … 500 луѓе биле заклани и осакатени, и тоа не е трагедијата само на Зајас, само на моето семејство. Ова е трагедија на албанскиот народ и јас не го правам тоа за да  отворите војна на Србија, јас го правам ова за да се помириме, да им понуди шанса, можност на мирот и помирување “, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Овие контрадикторни изјави од ДУИ и дистанцирањето од оваа резолуција доаѓа само неколку дена откако челникот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека резолуција за осуда на геноцидот врз Албанците нема да биде дел од платформата на идната влада.

Извор:ТВШења