Познатиот бизнисмен, Хари Костов е во завршни преговори со Сергеј Самсоненко за спонзорирање на РК Вардар.

Дознаваме дека Костов не сакал да биде дел од сопственичката структура во клубот, но сака да помогне со финансиски средства. Со сигурност Комерцијална Банка влегува со сопствени финансии како спонзор на најтрофејниот ракометен клуб во Македонија и поранешен Европски клупски првак.

Костов и Самсонеко се во завршни преговри околу начинот на спонзорирање на РК Вардар, деталите наскоро ќе ги објави и клубот, од каде очекуваат и други спонзори .