Претседателот на Словенија, Борут Пахор, вчера беше домаќин на свечен прием по повод крајот на акцијата Мојот лекар 2020, што секоја година се спроведува меѓу пациентите.

Тие за најдобар гинеколог, но воедно и најдобар доктор 2020, ја избраа Хатије Исмаили по потекло од Гостивар.

Претседателот на Република Словенија Борут Пахор одржа свечен прием во Претседателската палата на крајот од акцијата Мојот лекар 2020.

Во оваа прилика претседателот на Републиката им честиташе на победниците и организаторите на акцијата Мојот лекар, особено им се заблагодари на докторите за важната социјална мисија што ја прават, но истовремено ја посочи и улогата на политиката во обезбедувањето соодветни услови за нивната работа.

,,Мојата докторка 2020“, Хатије Исмаили искрено им се заблагодари на пациентите за довербата и порача дека наградата е и охрабрување да ја продолжи својата мисија.