Хашим Тачи во Брисел ќе ја претстави идејата за ,,корекција на границите“ и спојување на Прешевската долина кон Косово

Барањето на Албанците на југот на Србија за спојување на Медвеѓа, Прешево и Бујановац кон Косово, ќе биде претставено во Брисел, во септември, на следната рунда преговори со Вучиќ, изјави косовскиот претседател Хашим Тачи, пренесува РТС.

,,Барањето на политичките претставници на Медвеѓа, Бујановац и Прешево е институционализирано и јас ќе го претставам во Брисел. Ќе биде многу тешко, речиси невозможно, но ако нешто постигнеме ќе се случи чудо, а ако не-барем сме се обиделе. Овој момент не смееме да го занемариме“-изјавил Тачи.

Како што изјави на прес конференција, спојувањето на Прешевската долина со Косово, не значи автоматски автономија за Србите на Косово, туку само корекција на границите.

За оваа идеја Тачи се повикува на структурата на населението во Прешевската долина, кое е со албанско етничко потекло.

98 проценти се изјасниле дека сакаат припојување со Косово и волјата на народот треба да се почитува, вели Тачи.